Сервер: Решение за кризата се избори
Важно е да има избори и изборен систем во кој секој ќе верува, и СДСМ да излезат на избори и макар и да ги загубат, тие треба да бидат подтотвени за избори, изјави американскиот аналитичар и поранешен директор на Институтот за мир во Вашингтон Даниел Сервер...

Мислам дека прашањето за избори во Македонија, треба да се разбере како решение на политички проблем, и излез од кризата во кој се наоѓа земјата и јас верувам во тоа. Работата е што СДСМ тврди дека изборниот механизам не е подготвен за изборите што требаше да се реализираат на 24 април и на 5 јуни годинава. Но, мислам дека тоа не е прашање кое со години треба да се дискутира. Важно е да има избори и изборен систем во кој секој ќе верува, и СДСМ да излезат на избори и макар и да ги загубат, тие треба да бидат подтотвени за избори, изјави американскиот аналитичар и поранешен директор на Институтот за мир во Вашингтон Даниел Сервер.
Според него, „сите влади имаат опозиции и некогаш опозицијата е во граѓанскиот сектор. - Еве и ние поминуваме низ изборен период во САД. Има опозиција кон Обама и Конгресот од страна на Републиканците и затоа има опозиција која оди против Обама. Тоа се развојни процеси во демократското општество, особено кога се случуваат скандали со прислушкувања, затоа се случуваат и демонстрации, појаснува Сервер.
