Се стабилизираат берзанските цени на пченицата, расте цената на пченката
Се стабилизираат берзанските цени на пченицата. Поголем пораст кај житните култури има единствено кај цената на пченката, по најавата дека во светски рамки се оченува нејзино помало производство.

На берзата во Нови Сад, пченката и сојата достигнаа повисока цена, додека на пченицата се стабилизира на нивото на почетокот на годината од 8,7 денари за килограм.
Во Македонија пченицата останува да се продава по 10 денари што е највисока цена во регионот.
Забележливо е дека во изминатиот период цената на пченката е повисока од цената на пченицата.
Ова е резултат на најновиот извештај на Американското министерство за земјоделство за прогнозите за помалите приноси на на светско ниво, што влијаеше на берзите, особено на европските, за скок цената на пченката која сега изнесува од 8 до 9 денари за килограм.
Методија Трајков
