Попоски во посета на Холандија, актуелниот претседавач со ЕУ

30.05.2016 09:53

Попоски, како што информира македонското МНР, ќе има средби со шефот на дипломатијата на Холандија, Берт Коендерс, со претседателот и членови на комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент, како и со раководството на Институтот за надворешни работи во Клингендал...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во посета на Кралството Холандија, која е актуелен претседавач со Европската Унија.

Попоски, како што информира македонското МНР, ќе има средби со шефот на дипломатијата на Холандија, Берт Коендерс, со претседателот и членови на комисијата за ЕУ во  холандскиот Парламент, како и со раководството на Институтот за надворешни работи во Клингендал, каде што ќе одржи предавање пред студентите.