На „Ало докторе“ изминатата недела помош побарале 1271 лице

30.05.2016 09:54

Вкупно 25 доктори се достапани за медицински совет за граѓаните од сите градови на Македонија, а линијата е отворена секој ден 24 часа.

Изминатата недела на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ помош побарале 1.271 лице, а од почетокот на проектот се реализирани вкупно 95.312 повици, информира Здравствениот дом Скопје.

Вкупно 25 доктори се достапани за медицински совет за граѓаните од сите градови на Македонија, а линијата е отворена секој ден 24 часа.

Како што се наведува во соопштението, јавувањата најчесто се за покачен крвен притисок, главоболки, настинки,  алергиски реакции  и симптомна болка. Сите лица побарале  медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ добиле здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.