Автомобил падна во река во Прилеп, загина жена, повреден маж
30.05.2016 10:11
Автомобил „Опел астра“, од засега непознати причини удрил во огрдата на малиот мост на Градска Река, кај сточното пазариште во Прилеп, по што паднал во реката.

Една жена загина, а маж е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска, во еден часот по полноќ во Прилеп.
Автомобил „Опел астра“, од засега непознати причини удрил во огрдата на малиот мост на Градска Река, кај сточното пазариште во Прилеп, по што паднал во реката.
Наредена е обдукцијата врз телото на починатата жена за да се утврдат причините за смртта.
