Делегација на Собранието на конференција во ЕП во Брисел

30.05.2016 10:21

Главната тема се политичките партии во парламентите, улогата на мнозинството и на конструктивната опозиција, парламентарна контрола врз владата, соодносот меѓу пратениците и граѓаните.

Во Европскиот парламент во Брисел, денеска ќе се одржи меѓународна парламентарна конференција, посветена на заемноста меѓу политичките групи, партиите и владата, во процесот на пристапувањето во ЕУ.

Главната тема се политичките партии во парламентите, улогата на мнозинството и на конструктивната опозиција, парламентарна контрола врз владата, соодносот меѓу пратениците и граѓаните.

На конференцијата ќе учествцуваат претставници од националните парламенти на земјите од Западен Балкан и од Турција, меѓу кои и пратеници од македонското Собрание.