Мариово: Богати потенцијали за алтернативен туризам

30.05.2016 10:32

Ненаселено пространство, еколошки чисто. Мариово се сеќава на некогашниот живот. Стотици спортисти ги освојуваа планинските врвови. Се одржаа „Мариовско-мегленските културни средби“ и ултра велосипедскиот маратон. „Иднината е во алтернативниот туризам“- велат учесниците...

Сеќавања, носталгија за поранешното големо Мариово. Со многу жители со прекугранични средби. По 32. пат во мариовскиот манастир „Свети Илија“ се сретнаа некогашните Мариовци. Мегленци некогаш ги има, другпат не можат да дојдат.

Но, еколошки најчистата област, атрактивна за екстремните спортови собра 800 велосипедисти, планинари, болдеристи. Ги има и странци од 20-ина земји. Ги освојуваа големите мариовски пространства во пет дисциплини и три трки од 40 до 60 километри.

Искусните учесници знаат- Мариово и македонските предели имаат капацитет за развој на алтернативниот туризам.

Денеска  во Мариово беше вистинска врвулица.

 

Елизабета Митреска