Четири децении Европска Народна Партија

30.05.2016 10:35

Делегацијата на ВМРО ДПМНЕ, во Луксембург ќе ја предводи претседателот на партијата Никола Груевски.

Европската Народна Партија, водечката политичка структура во ЕУ, денеска во Луксембург одбележува 4 децении од основањето.

На одбележувањето ќе учествуваат германската канцелрака Меркел, претседателите на Европската Комисија и на Европскиот Совет, Јункер и Туск, еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, 50-тина европратеници, претседатели и премиери од 12 европски држави, во кои Европската народна партија е на власт.

Делегацијата на ВМРО ДПМНЕ, во Луксембург ќе ја предводи претседателот на партијата Никола Груевски.

Вечер во Луксембург ќе се одржи прославата од 40-те години од постоењето на Европските демохристијани со дебата на тема „Иднината на Европа“.