Бегалска криза: 20 лица спасени од брод кој тонел кај брегот на Кент

30.05.2016 10:48

„Италијанската морнарица работи одлично. Спасија над 13 илјади луѓе неделава, но, за жал, многумина го загубија животот во бродоломите. Според проценките, се работи за 700 починати, и безброј исчезнати“, изјави Вилијам Спиндлер, портпарол на УНХЦР

20 лица беа спасени од брод кој почнал да тоне во Англискиот канал крај брегот на Кент. И во Италија беа спасени 629 мигранти. Покрај преживеаните, биле најдени и 45 трупа. Над 200 лица исчезнаа откако рибарски брод претоварен со мигранти се превртел во Средоземното Море во близина на Либија.

„Италијанската морнарица работи одлично. Спасија над 13 илјади луѓе неделава, но, за жал, многумина го загубија животот во бродоломите. Според проценките, се работи за 700 починати, и безброј исчезнати“, изјави Вилијам Спиндлер, портпарол на УНХЦР.

Ова е трета несреќа во Медитеранот во последниве неколку дена.