Балкански економски форум во Бурса
30.05.2016 10:56
Учествуваат претставници од економијата и од бизнисот од 12 земји во регионот. Тие ќе дискутираат за Балканот, како мост за соработка, и за можностите за инвестирање во него.
Во турскиот град Бурса се одржува традиционалниот Балкански економски форум, на кој учествуваат претставници од економијата и од бизнисот од 12 земји во регионот.
Тие ќе дискутираат за Балканот, како мост за соработка, и за можностите за инвестирање во него.
На овој собир ќе се разговара за зајакнувањето на соработката меѓу бизнис институциите, фирмите и бизнисмените, преку заеднички проекти.
