Русеф: Целта на импичментот- да се спречи корупциски скандал поврзан со политичари и бизнисмени

30.05.2016 10:59

Во интервју за бразилските медиуми, таа истакна дека снимките и даваат надеж дека ќе се врати на претседателската функција.

Според суспендираната претседателка на Бразил Дилма Русеф, целта на импичментот била да се спречи истрагата на корупциски скандал поврзан со водечки политичари и бизнисмени.

Во интервју за бразилските медиуми, таа истакна дека снимките и даваат надеж дека ќе се врати на претседателската функција.

Додека Сенатот решава за конечната одлука за Русеф, на нејзино место е назначен заменик-претседателот Мишел Темер.