Караџиќ и Младиќ за првпат заедно во јавноста по конфликтот во 90-тите

28.01.2014 13:30

Двете најмоќни фигури од војната во Босна во 90-тите години на минатиот век за првпат по крајот на конфликтот се појавија заедно во јавноста. Поранешниот лидер на босанските Срби  Радован Караџиќ го повика поранешниот заменик Ратко Младиќ да сведочи во Хашкиот трибунал за југословенските воени злосторства на ОН. Генералот Младиќ првин одби да сведочи пред, како што го нарече, „сатанистичкиот суд“, а потоа побара да прочита изјава без да одговара на прашања, што судиите експресно го одбија.

Двете најмоќни фигури од војната во Босна во 90-тите години на минатиот век за првпат по крајот на конфликтот се појавија заедно во јавноста. Поранешниот лидер на босанските Срби  Радован Караџиќ го повика поранешниот заменик Ратко Младиќ да сведочи во Хашкиот трибунал за југословенските воени злосторства на ОН. Генералот Младиќ првин одби да сведочи пред, како што го нарече, „сатанистичкиот суд“, а потоа побара да прочита изјава без да одговара на прашања, што судиите експресно го одбија. Адвокатот на Караџиќ рече дека Младиќ е единствениот човек во светот кој најдобро знае што се случило во војната во Босна, поради што е неопходно неговото сведочење. И Караџиќ и Младиќ ги одречуваат воените злосторства и злосторствата против човештвото.

Во Каиро денеска е убиен полицискиот генерал и советник во Министерството за внатрешни работи Мохамед Саид. Непознати напаѓачи на мотоцикл пукале во него додека излегувал од својот дом во западниот дел на Каиро. Саид управувал со техничката канцеларија на Министерстовот за внатрешни работи директно поврзани со министерот Мохамед Ибрахим, кој во септември минатата година избегна атентат. Во шест различни напади во Каиро и во неговата околина во изминатиот викенд беа убиени 6 лица. За повеќето, одговорноста ја презеде групата Ансар Беит ал Макдес поврзана со Ал Каеда. Во меѓувреме, соборениот претседател Морси денеска седнува на обвинителната клупа.

32 лица се повредени, од кои седуммина се во критична состојба, во верижната сообраќајна насреќа што се случила во канадската провинција Квебек. Во несреќата биле вклучени 40 автомобили, а причина биле обилните снежни врнежи. Пожарникарите со специјални хидраулични инструменти ги ваделе луѓето од уништените автомобили. Движењето по автопатот неколку часа било затворено во двете насоки.

Тајландската премиерка ќе разговара со претставници на изборната комисија за можностите за одлагање на спорните избори закажани за  недела. Шефот на изборната комисија предупреди  на можните насилства на денот на гласањето. Демонстрантите со месеци протестираат против владата на Шинаватра, бараат формирање народен совет бидејќи сметаат дека без реформи, изборите нема да променат ништо

Марина Автовска