Ослободен киднапираниот мексикански фудбалер Паулидо

30.05.2016 11:12

Според мексиканските весници, возилото во кое биле двајцата било пресретнато од шест камиони.

Полицијата го спаси мексиканскиот фудбалер Ален Пулидо којшто беше киднапиран во сојузната држава Тамаулипас. Откако си заминал од една забава на која присуствувал со својата девојка, киднаперите го грабнале во близина на неговиот дом.

Според мексиканските весници, возилото во кое биле двајцата било пресретнато од шест камиони.

Пулидо игра за грчкиот фудблски клуб „Олимпијакос“ од Пиреја, а неколкупати досега има настапувано и за мексиканската репрезентација.

Сојузната држава Тамаулипас важи за една од најнасилните држави во Меисико.