Ирачки елитни единици навлегоа во бастионот на ИД
30.05.2016 11:39
Оружените сили на Ирак поддржани од ирански шиитски милиции почнаа операција за заземање на Фалуџа на 23 мај.

Ирачки елитни единици навлегоа во градот Фалуџа, бастионот на Исламска држава. Втората офанзива се изведува од три насоки, а бунтовниците во градот со 50 илјади цивили даваат отпор.
Оружените сили на Ирак поддржани од ирански шиитски милиции почнаа операција за заземање на Фалуџа на 23 мај.
Овој град е првиот во Ирак што падна под контрола на Исламска држава.
