Пратениците ќе одлучуваат за формирање Комисија за импичмент на Иванов

30.05.2016 12:11

Доколу пратениците ја изгласаат одлуката за формирање на „Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот на Република Македонија“, таа за седум дена треба да изготви извештај за основаноста на предлогот за импичмент и да го достави до Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Пратениците на денешната 103-та пленарна седница во Собранието треба да одлучуваат за формирање Комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, поради неговата одлука за аболиција на политичари и нивни соработници.

Оваа точка не e дел од дневниот ред, но се очекува подоцна да биде додадена како надополнување на дневниот ред.

Доколу пратениците ја изгласаат одлуката за формирање на „Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот на Република Македонија“, таа за седум дена треба да изготви извештај за основаноста на предлогот за импичмент и да го достави до Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

За да биде изгласана предлог- одлуката потребно е двотретинско мнозинство.