Груевски: 150 товарни вагони во јули

28.01.2014 13:31

Започна набавката на вагони кои во голема мера ќе го подобрат железничкиот сообраќај...

Започна набавката на вагони кои во голема мера ќе го подобрат железничкиот сообраќај во Македонија, најави денеска премиерот Никола Груевски.
 
Тој истакна дека се набавуваат два типа на вагони преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Веќе е склучен договор за набавката на 150 товарни вагони. Првата испорака се очекува во јули, а сите ќе пристигнат во земјава до крајот на оваа година. Набавката чини 13,2 милиони евра.
 
Освен тоа, во март ќе биде потпишан договор за набавка на 4 дизел локомотиви и 2 на електричен погон. За оваа набавка се наменети 23 милиони евра.
 
Секоја од нив има капацитет за 1.200 патници. Со ова, посочи Груевскит, ќе бидат обновени 60 % од целиот железнички парк.