Македонската традиционална храна претставена во Атина

30.05.2016 14:47

На фестивалот за храна во Атина, Македонија оваа година беше претставена со гравче тавче, ајвар и органски чаеви...

Македонската амбасада во Атина по втор пат учествуваше на фестивалот за храна во организација на сопруги и сопрузи на акредитираните амбасадори во Грција.

На фестивалот за храна во Атина, Македонија оваа година беше претставена со гравче тавче, ајвар и органски чаеви.

Интересот за македонските традиционални јадења оваа година се чини дека беше и поголем од лани.

 „Ајварот, како што го нарекувате е прекрасен, навистина добро“, вели една посетителка.

Собраните средства од продажбата на храната и пијалаците и оваа година одат во хуманитарни цели.

Средствата што ќе бидат собрани денес одат за поддршка на грчката организација наречена Меримна. Тие работат со деца кои што се заболени од неизлечливи болести и деца кои што имаат изгубено блиски или роднини и им даваат психичка помош за да можат да се носат понатаму со животот и да го продолжат животот“, изјави Билјана Гриовска, сопруга на македонскиот амбасадор во Атина.

На фестивалот година учествуваа 44 држави од светот.

 

Марија Котовска- постојан дописник од Атина за МРТ