Ќе се отворат три приватни старски домови
Спасов потенцира дека меѓу другото, овие институции ќе донесат и отворање на нови работни позиции.

Ќе се отвораат три нови приватни домови за стари лица. Одобренијата беа запрени повеќе од три ипол месеци, рече министерот за труд и социјална политика. Спасов потенцира дека меѓу другото, овие институции ќе донесат и отворање на нови работни позиции.
„Станува збор за тројца инвеститори кои веќе имаат инвестирано значителни средства за вакви приватни институции. Очекувам во следните два до три месеци да започнат со работа и да отворат дополнителни 120 легла за стари лица, и што е најважно да отворат нови минимум 40 работни места“, изјави министерот за труд Диме Спасов.
Петар Старделов, еден од инвеститорите на старски приватен дом истакна дека неговиот објект е готов и подготвен за почеток.
„Со оглед на околностите досега не бевме во можност да добиеме техничка документација за да почнеме со работа. Со брзата интервенија во Владата се надеваме дека брзо ќе започнеме со работа“, рече Старделов.
