Пратенците расправаат за формирање Комисија за импичмент на Иванов
30.05.2016 14:59
ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ остануваат со истите ставови. Копјата се кршат околу составот на комисијата. СДСМ бара мнозинство, на што се спротивставува владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на денешната пленарна седница решаваат за формирање комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов.
ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ остануваат со истите ставови. Копјата се кршат околу составот на комисијата. СДСМ бара мнозинство, на што се спротивставува владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку се формира комисијата, таа за седум дена треба да подготви извештај за основаноста на предлогот за отповикување и да го достави до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
За предлог- одлуката е неопходно двотретинско гласање.
