Алтхаузер: Политичарите треба заедно да најдат решение

30.05.2016 15:13

Што се однесува до укинувањето на аболицијата, и натаму сметаме дека тоа треба да биде сеопфатно, изјави амбасадорката Кристине Алтхаузер.

Германската амбасадорка во земјава ги повика политичките лидери да работат на решавањето на политичката криза. Што се однесува до укинувањето на аболицијата, и натаму сметаме дека тоа треба да биде сеопфатно, изјави амбасадорката Кристине Алтхаузер.

„Фудбалот е инклузивна игра, во која е потребно сите играчи да учествуваат заедно за да постигнат резултат, а истото важи и за политиката. Сите политичари мора да работат заедно за да дојдат до решение на оваа навистина сериозна криза во Македонија. Нашиот денешен фудбалски пример е добар и за вкупната политичка ситуација“, рече Алтхаузер.

Во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на дел од помилувањата, рече дека уште од почетокот, без недоречености, апелирале за целосно, комплетно повлекување на одлуката за помилување од 12 април.