Јакимовски: Иванов да ги декласифицира сите информации врз основа на кои е донесена аболицијата
30.05.2016 15:44
Политичарите треба да го избелат својот образ на суд, а не преку аболиција, велат од ГРОМ.

Претседателот Ѓорге Иванов да ги декласифицира сите информации врз основа на кои е донесена аболицијата, побара партијата на Стевче Јакимовски. Оттаму велат дека ја осудуваат аболицијата уште од самиот старт.
Политичарите треба да го избелат својот образ на суд, а не преку аболиција, велат од ГРОМ.
Со чинот на декласифицирање на информациите претседателот ќе и ги стави на располагање на јавноста сите информации за криминалите што ги правеле одделни политичари – вели Јакимовски.
