Поради дефект, владиниот авион не полета од Сараево
30.05.2016 16:25
Од Службата за општи и заеднички работи велат дека добиле дојава оти поради безбедносни причини летот не може да се реализира.

Владиниот авион не полета од Сараево. Утрината, при извршување на редовните контролни процедури, била утврден дефект на еден од уредите за напојување со струја.
Од Службата за општи и заеднички работи велат дека добиле дојава оти поради безбедносни причини летот не може да се реализира.
Службата го информирала сервисот во Нирнберг од каде што одговориле дека го поседуваат делот кој треба да биде заменет.
Сега се чека дозвола од фирмата „Бомабридер“, за прелет од Сараево до Нирберг под специјални услови, без патници.
Пред една година, лир-џетот принудно слета во Цирих поради дефект поврзано со декомпресија.
