Груевски се сретна со Хан, Петерле, Дол на Собранието на ЕПП во Луксембург
Европската десница одбележува 40 години од основањето. Мигрантската криза и референдумот во Биртанија- главни теми на собранието, како подготовка за идното носење одлуки важни за Европската Унија...

Референдумот во Британија, екомијата, мигранската криза- беа темите на денешното политичко собрание на ЕПП кое се одржа во Луксембург, на кое учествуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како дел од европската десница, политичка опција која во моментов е најдоминантна во Европа.
„Разговаравме и за состојбите во земјите- членки на Европската народна партија, за тоа каде наскоро има избори, кога се изборите, што се очекува на истите итн. Станува збор за политичко Собрание на кое се опфатени поголем број на теми и каде што се презентираат различни информации со цел нивно споделување, но и каде што се прави подготовка за идно носење на одлуки и ставови на ЕПП по различни прашања што се важни за Европската унија и за позициите на ЕПП во рмаки на ЕУ“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Во рамките на денешниот состанок на Европските народни партии, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ оствари средби со еврокомесарот за просирување Јоханес Хан, претседателот на европската десница Жозеф Дол, европратеникот Алојз Петерле, и други присутни на овој настан. Вечерва во Војводсвото Луксембург се одржува одбележувањето на 40 годишнината од формирањето на ЕПП, каде ќе присуствува европската елита: германската канцеларка Ангела Меркел, Жан Клод Јункер, Доналд Туск и други.
„Ќе биде интересно да се присуствува на тој настан, бидејќи дава можност покрај неговата основна замисла и за остварување на голем број контакти и средби, разговори со многу лица со кои може да се разменат информации, особено информации што се значајни за Република Македонија“, нагласува Груевски.
Присуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешните настани во Брисел, е уште една потврда за поддршката која Европските народни партии ја даваат на својата сестринска партија во РМ.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
