Од идната недела масло од канабис во македонските аптеки

30.05.2016 17:01

Лекарите специјалисти почнаа со едукации за употребата на канабисот во медицински цели. Обуките ги вршат професори од Канада и Шпанија. Според надлежните искуството од експертите ќе биде од огромно значење за македонското здравство. Очекуваат маслото од канабис да се пушти во употреба откако докторите ќе го добијат потребно знаење...

Маслото од канабис наредната недела ќе се најде во аптeките низ земјава. Ќе се продава без лекарски рецепт. Цената ќе зависи од производителот, велат од Агенцијата за лекови.  Почнува обуката за специјалисти за употребата на канабисот во медицински цели. Ќе ги едуцираат еминенти професори од Канада и Шпанија.

Нивното долгогодишно искуство покажало дека екстрактот го подобрува квалитетот на животот кај болните од рак, епилепсија, мултиплекс склероза.

Директорот на Онкологија, Ристевски вели дека искуството од експертите ќе биде одголемо значење за македонското здравство.

Агенцијата за лекови ќе го контролира составот на лекот и сѐ она што ќе се најде во аптеките.

 

Викторија Милевска