Собраниска расправа за комисијата за импичмент на Иванов
Шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, по двајца од СДСМ и од ДУИ и еден од ДПА треба да оценат дали да се поведе постапка за импичмент на претседателот. Откако ќе се формира, Комисијата има седум дена за да подготви извештај за евентуална одговорност на шефот на државата...

ВМРО-ДПМНЕ со мнозинство во Комисијата сака да го спаси претседателот Иванов од катастрофалните одлуки кои ги донесе- став на СДСМ за потребата од формирањето на Комисијата за импичментот на шефот на државата. Координаторот Горан Сугаревски вели дека претседателот го прекршил Уставот во неговата постапка.
Уставот не е прекршен, законите се почитувани, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека тие како партија не ја поддржале одлуката на Иванов за аболиција. „Сега единствен аблициран политичар е Зоран Заев“, вели Илија Димовски.
ДУИ со поддршка за иницијативата за формирање Комисија која треба да подготви извештај за импичмент.
Според законот, по формирањето на Комисијата, нејзините членови треба да подготват извештај за основаноста за поведената одговорност на претседателот Иванов.
Миле Ристески
