Зголемено производството на вода
Македонците ги менуваат животните навики, сѐ повеќе купуваат флаширана вода за пиење. Во минатата година, оваа индустрија го зголемила производството за над 25 проценти, најмногу пласирала на домашниот пазар. Дел од компаниите почнаа да инвестираат во модернизирање на процесот, воведување иновативна амбалажа...

Зема замав индустријата за производство на вода за пиење. 26-те фирми со 1.200 вработени лани произвеле 77 милиони литри вода, односно го зголемиле производството за четвртина во однос на претходната година. 13 производители се со домашен капитал, а исто толку се со капитал од Србија, Хрватска, Италија, Грција и Косово.
Македонската вода се наоѓа на пазарите во: Либија, Австралија, Израел, Ирак, Јордан и Египет. Лани биле извезени 8 милиони и 100 илјади литри вода. Домашните производители се обидуваат со инвестиции и користење иновативни решенија да ја подобрат конкурентноста. Се користи лесно рециклирачка амбалажа, полесни системи за затворање, ласерско одбележување на датумот на производство, се инвестира и се проширува производствената програма со други производи.
Во исто време расте и конкуренцијата на пазарот. Лани странските производители успеале на македонскиот пазар за продадат дури 25 милиони литри минерална вода или третина во однос на домашната продукција. Во последниве 10 години извозот на агро-прехранбени производи ,каде еден од главните подсектори е индустријата за алкохолни,безалкохолни пијалаци и вода забележал релативен удел од 16 до 19 насто.
Свето Николовски
