Прва седница на Комисијата за импичмент на претседателот Иванов
Комисијата брои 11 члена. Претседател е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, од чија пратеничка група има уште пет члена, а по два члена се од ДУИ и од СДСМ и еден од ДПА.

Собраниската комисија за импичмент на претседателот што беше формирана по иницијативата на СДСМ, денеска треба да ја одржи првата седница.
Комисијата брои 11 члена. Претседател е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, од чија пратеничка група има уште пет члена, а по два члена се од ДУИ и од СДСМ и еден од ДПА.
Комисијата има рок до понеделник да подготви финален извештај што потоа треба да го образложи на пленарна седница во Собранието.
Иако СДСМ ја поднесе иницијативата, пратениците гласаа против формирањето на собраниската комисија поради незадоволство од соодносот на членовите. Одлуката ја обжалија и пред Управниот суд.
Шефот на државата, вчера од Софија повтори дека при одлуките за помилување се водел од интересите на државата. Последната одлука за повлекување на аболицијата за 22-ца политичари ја донесол во консултација со правници.
