Владата ги поддржа рибарството и аквакултурата со 1,5 милиони евра

28.01.2014 13:51

Владата ја донесе Програмата за финансиска поддршка...

Владата ја донесе Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2014 година. Вкупно средства за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2014 година изнесуваат 90.000.000 денари, или 1,5 милиони евра.

Со овие средства со кои ќе се финансираат мерки и активности во оваа област не само што ќе се подобрат условите за стопанските субјекти кои функционираат во оваа област за раст на нивниот бизнис и отворање на нови работни места и ќе се подобрат можностите на граѓаните, туку и се придонесува во унапредување на природната средина.

Генерално, целата програма се состои од повеќе мерки кои се групирани во две поголеми подгрупи, и тоа за рибарство за која се издвоени 21.600.000 денари, и за аквакултура која ќе биде финансирана со 64.000.000 денари.