Повредени десетици бегалци во тепачка во бегалскиот камп на островот Лезбос

02.06.2016 11:44

Стотици бегалци го напуштиле кампот од страв за нивната безбедност.

Десетици бегалци се повредени во тепачка меѓу група мигранти од Авганистан и Пакистан во бегалскиот камп морија на осторовот Лезбос. При судирите избувнал и пожар кој брзо бил ставен под контрола.

Двете страни почнале да се обвинуваат меѓусебно за несоодветно и насилно однесување со цел да се контролира кампот, па полицијата морала да интервернира.

Стотици бегалци го напуштиле кампот од страв за нивната безбедност.

Во моментов се сместени околу 3.000 мигранти кои чекаат да се вратат во Турција, врз основа на договорот меѓу Брисел и Анкара за запирање на бегласкиот бран.