Опожарена зграда на азиланти во Австрија

02.06.2016 11:49

Во новоизградената дрвена зграда во градот Алтенфелден, недалеку од границата на Австрија со Германија и Чешка, требало да се сместат 48 луѓе во наредните две недели.

Австрискиот Црвен Крст соопшти дека намерно била опожарена зграда за азиланти во северна Австрија.

Во новоизградената дрвена зграда во градот Алтенфелден, недалеку од границата на Австрија со Германија и Чешка, требало да се сместат 48 луѓе во наредните две недели.

Полицијата откри два извори на огнот, но засега нема осомничени лица. Во пожарот нема повредени.