Винска рута- можност за економски развој
Македонија се издвојува како земја производител на грозје, во кое има најголем број шеќерни единици. Оваа предност ќе биде искористена за позиционирање на земјата на таканаречената „Винска патека“, финансирана од Советот на Европа, со што се промовираат домашните културни вредности...

Со потпишувањето на договорот за културни патеки, Македонија ќе стане регионален лидер во „Винската патека“. Тоа ќе значи дека името на земјава ќе се позиционира во светски рамки во однос на производство на автохтони вински сорти и негувањето на винската култура.
„Вашата земја, заедно со другите земји од регионот, исто така има потенцијал за развој на нови културни патишта како што се патот „Кирил и Методиј“ и „Виа Игнатиа“ . Дури може и да се создадат сосема нови културни патишта, кои се уште не постојат. Патиштата може да биде линеарна или територијални, а нивните можности се навистина бескрајни“, вели Стефано Домениони, директор на Европски институт за културни рути.
Виното е едно од убавините што ја прават нашата држава единствена и препознатлива на европскиот пазар.
Македонија е домаќин на конференцијата на државите кои партиципираат во „Винската патека“.
Винската патека е една од триесет и трите културни патеки на Советот на Европа, кои уште од своето постоење во 1987 година го промовираат наследството на европските култури.
Александра Перевска
