Чикаго: Бројот на напади со огнено оружје зголемен за 50%

02.06.2016 13:18

Минатиот месец е прогласен за најкрвавиот во последниве неколку години. Градоначалникот Рам Емануел ги обвинува бандите и несоодветните закони за оружје во соседните сојузни држави.

Бројот на напади со огнено оружје се зголемил за 50 проценти, соопшти полицијата во Чикаго. Само во последниот викенд загинале 6 лица. Од почетокот на годинава биле убиени 250. Минатиот месец е прогласен за најкрвавиот во последниве неколку години. Градоначалникот Рам Емануел ги обвинува бандите и несоодветните закони за оружје во соседните сојузни држави.

Во просек, чикашката полиција одзема по еден пиштол во секој час. Изготвен е список со 1.500 лица кои се одговорни за поголемиот дел од насилствата во градот.

Наредниот тест за полицијата е 4 јули, Денот на неазвисноста кој според статистиката е најнасилниот период во годината.