На скопскиот аеродром спречено нелегално внесување чекови вредни 667 илјади евра
02.06.2016 13:21
Станува збор за турски државјанин, кој пристигнал од Истанбул и кај кој се пронајдени чековите, што потекнуваат од повеќе странски банки.

Царинските службеници на аеродромот „Александар Велики“ спречија нелегално внесување чекови во вредност од 667 илјади евра.
Станува збор за турски државјанин, кој пристигнал од Истанбул и кај кој се пронајдени чековите, што потекнуваат од повеќе странски банки.
Царинската управа, против лицето поднела соодветна прекршочна постапка.
