УПОЗ на средба во Министерство за правда

02.06.2016 15:42

Синдикалците им дадоа рок на властите до утре да се изјаснат дали ги прифаќаат нивните барања.

Синдикатот на УПОЗ се состана со советниците на министерот за правда. Им порача дека не отстапуваат од барањата за зголемувањето на додатоците на плата за 35%.

Синдикалците им дадоа рок на властите до утре да се изјаснат дали ги прифаќаат нивните барања. Претходно се сретнаа со претставниците на судскиот буџетски совет каде што им беше ветено дека на оние коишто протестираат нема да им бидат намалени платите.

Судската администрација најавува протести сѐ до конечно решавање на проблемот и постигнување на договор.