Прва седница на Комисијата за импичмент на Иванов
Во полн состав почна со работа Комисијата за импичмент на Иванов. СДСМ побара претседателот да дојде на седницата, членовите од ВМРО-ДПМНЕ се спротивставија. Велат барањето не е според Деловникот. Комисијата има рок до понеделник да подготви финален извештај за утврдување одговорност за одлуката за аболиција...

Прво комисиско соочување на аргументите меѓу власта и опозицијата за оправданоста за импичмент за претседателот, Ѓорге Иванов. Според Социјалдемократите, со одлуката за помилување, шефот на државата го нарушил владеењето на правото и поделбата на власта.
Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија, целта ви е да се удри врз институцијата Претседател. Според владаеачката партија, неговата одлука за помилување е издржана, и уставно и законски.
ДУИ, иако ја подржа иницијативата за импичмент на претседателот, сепак не верува дека парламентот ќе гласа со дво третинско мнозинство за отповикување на Иванов од функцијата.
Комисијата го отфрли барањето на СДСМ, шефот на државата лично да дојде во Комисијата и да одговара на пратеничките прашања. Претседателот на комисијата, Зоран Илиоски рече дека деловникот не предвидува лично присуство на претседателот, а ако сака, тој може да достави писмено изјаснување.
Понеделник е крајниот рок кога Комисијата до Собранието треба да достави извештај - дали барањето за импичмент на Иванов е издржано.
Миле Ристески
