Либански бизнисмени заинтересирани за деловна соработка со Македонија
Стопанската комора на Македонија и Либанско- македонскиот совет на бизнисмени во Република Либан денеска организираа деловни средби. Потпишаа меморандум за соработка со кој како што рекоа се поставува рамка за долгорочна соработка, за наоѓање можности за деловна соработка и инвестиции во различни области...

Поттикнување на извозот и услугите во двете земји, економска соработка во делот на недвижностите, угостителството и туризмот, алтернативните извори на енергија, прехранбените производи, аграрот. Либанскиот бизнис- сектор заинтересиран за трговија и извоз со македонските партнери.
На повидок е придвижување на трговската размена која до пред две години достигнувала само неколку стотици илјади долари, оценија во македонската Стопанска комора.
За либанските инвеститори преку договорите на земјава со Европската Унија, се отвора европскиот пазар од 500 милиони потенцијални потрошувачи. Потпишаниот меморандум за соработка со Либан за нашите стопанственици претставува мост за извоз на македонското производство во земјите на Блискиот Исток.
Ана Јосифоска- Тодоровска
