ЕУ го испитува субвенционирањето на евтините летови од Македонија

02.06.2016 16:43

Адамовиц тврди дека се во контакт со надлежните власти во Скопје и собираат информации за понатамошно испитување.

Европската унија го испитува субвенционирањето на летовите на евтини компании што оперираат од скопскиот аеродром- вели гласноговорникот на Европската комисија. Адамовиц тврди дека се во контакт со надлежните власти во Скопје и собираат информации за понатамошно испитување.

„Ние не сме запознати дека некои авио-компании бараат истрага од Комисијата во однос на финансискиот поттик што Владата на БЈР Македонија можеби го дава на авио-компании што оперираат од аеродромот во Скопје. Сега сме во контакт со надлежните власти во Скопје и собираме информации за понатамошно испитување на ова прашање. Можеби само ќе го ставиме ова прашање за фер и транспарентни пазарни услови во контекст дека има и Авијациска стратегија за Европа што ја покренавме минатиот декември и, се разбира, еден од клучните елементи е да се засили конкурентноста на европскиот авијациски сектор“, вели Адамовиц.