Пломп: Разумни решенија за нова препорака за преговори

02.06.2016 16:36

Разумни решенија за нова препорака за преговори - холандскиот амбасадор во земјава ги повика лидерите да ја решат политичката криза. Вели дека тоа што е напишано на хартија треба да стане реалност...

Доста стававме на хартија, време е за имплементација на договореното. Холандскиот амбасадор ги повика лидерите да ја решат политичката криза. Смета дека доколку донесат разумни решенија, Советот ќе даде повторно препорака за Македонија.

Поддршката на Холандија никогаш не била неизвесна за Македонија, вели вицепремиерот за евроинеграции.

Денешниот настан„Кафе пауза со холандскиот амбасадор“ организирано од Секретаријатот за европски прашања, Пломп го искористи за да повика на повикување неселективна правда. Верува оти политичките чинители во земјава ќе ги направат потребните чекори за земјата да се врати на евроинтегративниот пат.

 

Катерина Топалова