Комисиска расправа за импичмент на Иванов

03.06.2016 09:09

Комисијата има рок до понеделник да подготви финален извештај што потоа треба да го образложи на пленарна седница во Собранието...

Денеска треба да продолжи расправата во Комисијата за импичмент на претседателот Иванов. На вчерашната седница жестока дебата меѓу власта и опозицијата.

Според СДСМ, Иванов со одлуката за аболиција, злоупотребувајќи ја функцијата, ја продлабочил политичката криза и го прекршил Уставот.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека одлуката на шефот на државата е Уставна и издржана, а барањето на опозицијата за импичмент го оценија како неосновано.

Комисијата има рок до понеделник да подготви финален извештај што потоа треба да го образложи на пленарна седница во Собранието.