Нови критериуми за субвенционирање житни култури

03.06.2016 10:03

Нови критериуми за субвенционирање на житните култури за оваа година. Сите земјоделци кои на нивите употребуваат сертифицирано семе, ќе добијат по 12.000 денари субвенции, а другите по 7.000 денари за хектар.

Производителите на пченица, житни и индустриски култури ќе добијат по 12.000 денари за хектар доколку употребиле сертифициран семенски материјал.

За другите, субвенцијата ќе изнесува 7.000 или 1.000 денари помалку од лани.

Дополнителни 4.800 денари по хектар ќе се  добива и за површините со големина од 10 до 50 хектари.

За оваа дополнителна субвенција услов е да се употреби сетрифициран семенски материјал и да се остварат просечни приноси повеќе од 4.000 килограми за пченица, 3.000 за јачмен и 1.800 килограми за сончоглед.

Пријавувањето е по добивањето на приносите, односно во октомври годинава.

 

Методија Трајков