СБ: Превенцијата на заразни болести позитивно ќе влијание врз економскиот раст
Светска Банка оценува дека превенцијата на заразни болести во светот ќе има позитивно влијание врз економскиот раст. Затоа иницираше програма за брзо финансирање во случај на појава на пандемии во 77 најсиромашни држави во светот. Обезбеден е фонд за рано откривање и справување со пандемии од над 50 милиони долари донирани од Јапонија, соопшти Претседателот на Светска Банка, Џим Јонг Ким, според кого до крајот на годинава може да зголеми до 100 милиони долари, бидејќи Германија најавила донација од 50 милиони евра...

Претпазливоста од пандемии ќе обезбеди светот да се справи со здравствените закани, оцени Ппретседателот на Светска Банка, Џим Јонг Ким при промовирањето на програмата од над 50 милиони долари за најсиромашните држави за итно финансирање во случај на појава на пандемии. Светот се соочи со ебола, а сега и со зика, при што се покажа дека брзото реагирање значи намалување на смртноста и економските штети. Пандемиите имаат негативно влијание на економскиот раст и инвестициите.
„Она што ќе им го кажеме на сите држави во светот е дека најважна работа е скенирањето кога имате проблем што е можно побрзо, бидејќи сега има финансирање, координиран одговор и дајте да ги запреме пандемиите на три села, наместо да таа се претвори во човечко и економско фијаско, како што беше еболата во трите африкански држави“, вели Џим Јонг Ким, претседател на Светска Банка.
Зика веќе е проширена во 48 држави во светот, па над стотина лекари и истражувачи испратија јавно предупредување до Светската здравствена организација за одложување или преместување на Олимписките игри во Бразил. Според нив, Бразил што е во епицентарот на зика за време на игрите ќе биде домаќин на милион туристи, коишто можат да го прошират вирусот во останатиот дел од светот.
Светската здравствена организација смета дека не треба да се одложат или преместат Олимписките игри во Бразил поради појавата на зика.
Ирина Гелевска, постојан допидник од Вашингтон за МРТ
