Стејт Департмент: Исламска држава- главна закана за светот

03.06.2016 11:25

Половина од вкупниот број терористички напади нив биле во Ирак, Авганистан, Нигерија, Сирија и во Пакистан.

Иако лани во однос на претходната година е намален бројот на терористичките напади и жртвите, сепак главната закана за светот е Исламска држава, стои во најновиот извештај на Стејт Департментот.

Половина од вкупниот број терористички напади нив биле во Ирак, Авганистан, Нигерија, Сирија и во Пакистан.

Европа и натаму се соочува со закани од терористичките организации што оперираат во Сирија, првенствено од Исламска Држава, но и од странските борци што се враќаат од боиштата.

Македонија ја препозна заканата од глобалниот тероризам и е сојузник на САД, се вели во извештајот, според кој, пак, на Косово расте екстремизмот.