Клинтон: Американците ќе направат „историска грешка“ доколку го изберат Трамп

03.06.2016 11:39

Клинтон: Американците ќе направат „историска грешка“ доколку го изберат Трамп

Фаворитот за претседателски кандидат на Демократите, Хилари Клинтон изјави дека Американците ќе направат „историска грешка“ доколку го изберат Доналд Трамп за претседател на САД. 

Трамп не дава идеи, туку бизарни празни зборови, провокации, и невидени лаги. Тој не е подготвен. Неговиот темперамент не е соодветен за функцијата за која се потребни знаење, стабилност и огромна одоговорност“, вели Хилари Клинтон, претседателски кандидат на Демократите.

Трамп возврати на ударот од неговата противничка.

„Хилари беше патетична. Наводно ќе држеше говор за надворешна политика, но тоа беше политички говор и немаше никаква врска со надворешните работи. Веќе ги освоивме Калифорнија, Монтана, Њу Џерзи, Ново Мексико, Јужна Дакота. Имаме милиони гласови повеќе“, рече Доналд Трамп, претседателски кандидат на Републиканците.

Неговите ставови за надворешната политика предизвикаа многубројни контроверзи. Бара забрана за влез на муслиманите во САД, ѕид по должината на границата со Мексико, ревизија на НАТО и финансирање од сојузниците на САД на Далечниот Исток доколку сакаат да имаат американска заштита.