Десетици повредени и приведени во грчки бегалски камп
03.06.2016 12:10
Избувнал и пожар во прифатниот центар со 1.148 мигранти кои чекаат да се вратат во Турција.

15 лица се повредени, 25 приведени, а предизвикана е и материјална штета по тепачките во бегалскиот камп на грчкиот остров Самос.
Избувнал и пожар во прифатниот центар со 1.148 мигранти кои чекаат да се вратат во Турција.
Претходно се случи сличен инцидент и на грчкиот остров Лезбос.
