СЈО води 7 истражни постапки, опфатени се 60 лица
03.06.2016 12:39
СЈО сѐ уште чека одговор од претседателот Иванов од каде му се податоците за лицата што ги помилуваше на 12-ти април.

Специјалното јавно обвинителство води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица, информира обвинителка Ленче Ристоска.
СЈО сѐ уште чека одговор од претседателот Иванов од каде му се податоците за лицата што ги помилуваше на 12-ти април.
Обвинителство има примено 540 илјади и 646 записи на прислушувани разговори, за што според Ристоска ќе треба година ипол само да ги преслушаат материјалите.
