Министерот Попоски одликуван со Национален орден од Италијанската Република
Признанието се доделува за особен придонес во унапредувањето на пријателските односи и соработката помеѓу Република Македонија и Италијанската Република.

Во рамки на одбележувањето на Националниот ден на Италија, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски беше одлекуван со Орден на sвезда на Италија – Гранд Офицер, соопшти МНР.
Признанието се доделува за особен придонес во унапредувањето на пријателските односи и соработката помеѓу Република Македонија и Италијанската Република.
Орденот во името на Претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, го врачи Амбасадорот на Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели.
Министерот Попоски нагласи дека чинот претставува уште една потврда за одличните и блиски односи помеѓу двете пријателски држави.
