Сугарески: Собранието да свика седница за пратенички прашања

03.06.2016 13:58

Според него, претседателот на Парламентот има обврска да закаже седница за пратенички прашања вообичаено секој последен четврток во месецот.

Опозициската СДСМ бара претседателот на Собранието да закаже седница за пратенички прашања. Иако парламентот одреден период не работеше, владата на Емил Димитриев функционираше, рече координаторот на пратеничката група Сугарески.

Според него, претседателот на Парламентот има обврска да закаже седница за пратенички прашања вообичаено секој последен четврток во месецот.

Сугарески тврди дека иако премиерот Димитриев беше избран како претседател на влада за спроведување на предвремените парламентите избори во моментов техничка влада не постои.