Кабинет на Вељаноски: Седница за пратенички прашања последниот четврток во јуни

03.06.2016 14:02

Претходно пленарно заседание за пратенички прашања немаше, бидејќи не беа изминати стоте дена од изборот на Емил Димитриев за премиер и бидејќи Собранието беше распуштено...

Одржувањето на седница за пратенички прашања ќе биде отворено в понеделник, на редовната координација со претседателот на парламентот, реагираа од Кабинетот на Вељаноски.

Во овој момент, посочуваат од таму дека се исполнети условите и таа ќе биде закажана за последниот четврток во јуни.

Претходно пленарно заседание за пратенички прашања немаше, бидејќи не беа изминати стоте дена од изборот на Емил Димитриев за премиер и бидејќи Собранието беше распуштено, стои во дописот од Кабинетот на Вељаноски.