Исплатата на земјоделските субвенции продолжува од следната недела
Од понеделник ќе почне постапката, која поради распишување на изборите беше запрена. Од платежната Агенција за финансиска поддршка на земјоделство, информираат дека е во тек оглас за субвенции.

Задоцнетите субвенции наскоро ќе бидат исплатени, велат надлежните. Од понеделник ќе почне постапката, која поради распишување на изборите беше запрена. Од платежната Агенција за финансиска поддршка на земјоделство, информираат дека е во тек оглас за субвенции.
„До денес имаме 40.000 апликации за субвенции. Обично, на годишно ниво добиваме околу 75.000 апликации. Рокот за аплицирање е уште еден месец, до крајот на јуни, така што очекуваме сите оние земјоделски стопанства што редовно аплицираат, да го поднесат барањето“, вели директорката на Агенцијата, Билјана Вуковиќ.
Програма за рурален развој за набавка на современа механизација, финансирање на општините и селата, за надлежните ова ќе остане приоритет. Годинава се реализираат 221 проект за кои минатата година се одвоени пари. Инвестирањето во руралните средини ќе влијае и врз развојот на државата, рече претседателот на Владата, Димитриев.
„Остануваме силно фокусирани на поддршка на земјоделството и сметаме дека инвестирањето во земјоделството носи бенефит за државата и во иднина така ќе продолжиме со континуирано зголемување на сите програми и мерки кои значат развој на оваа област“, порача премиерот Димитриев.
Годинава за програмата за земјоделство се исплатени 3,6 млијарди денари.
Наташа Јанчиќ
