Четворица старо-нови амбасадори реферираа пред пратениците!
Досегашниот амбасадор во Шведска и Финска Кире Илиоски патува во Виена каде што ќе биде амбасадор при постојаната мисија на меѓународните организации со фокус врз ОБСЕ и ОН, Пајо Авировиќ , амбасадорското место во ООН го менува за Израел, Илија Исајловски од Русија оди во Кина и Зоран Дабиќ претходникот на Илиевски стана амбасадор во Постојаната мисја на НАТО во Брисел. Позицијата и опозицијата на иста линија, станува збор за проверени кадри, дипломати од кариера на чија работа никој нема забелешки, напротив само пофалби.
Досегашниот амбасадор во Шведска и Финска Кире Илиоски патува во Виена каде што ќе биде амбасадор при постојаната мисија на меѓународните организации со фокус врз ОБСЕ и ОН, Пајо Авировиќ , амбасадорското место во ООН го менува за Израел, Илија Исајловски од Русија оди во Кина и Зоран Дабиќ претходникот на Илиевски стана амбасадор во Постојаната мисја на НАТО во Брисел. Позицијата и опозицијата на иста линија, станува збор за проверени кадри, дипломати од кариера на чија работа никој нема забелешки, напротив само пофалби. Но прашина крена новата практика која ја воведе шефот на комисијата Антонио Милошoски за отсега најнапред амбасадорите да даваат отчет за сработеното на претходните места, а дури потоа да дадат експозе за она што планираат да го преземат на новите функции. Токму ова наиде на критика од опозицијата, Она за што сите се согласија во поглед на новата практика е отчетите и екпозеата временски да се ограничат за поефикасна работа на комисијата.
Лидија Чакар
